„Таргет-Тврдина“ одложен поради јавна седница за притворот на Мијалков, „Тендери“ продолжува

Судот го прифати предлогот на одбраната да го одложи рочиштето за „Таргет-Тврдина“ затоа што во 11 часот имаат јавна седница за притворот на Мијалков во истиот суд. Обвинителите од СЈО предложија рочиштето да продолжи по завршувањето на јавната седница во два часот попладне, но судит не прифати.

Во „Таргет-Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од управата.

Тие, според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Во случајот „Тендери“, првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на Македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Случајот се наоѓа во доказна постапка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ