Телото за помирување ќе работи и на 20 закони

Јавни дебати за уставните измени на целата територија на државата побара денеска групата што е дел од телото за помирување. Сметаат дека, сите граѓани треба да имаат шанса да го кажат своето мислење за измените.

Групата за реформи, пак, се договори да формира консултативно тело во кое ќе има и претставници од МАНУ, правната фела и новинарите, кое ќе работи на 20 закони што треба да се донесат најдоцна до средината на декември.

Една од темите на овие комисии ќе биде и апсењето на Сашо Мијалков, но засега е приоритет законот за амнестија, што е услов за двотретинска поддршка на уставните измени. Тој закон треба да биде финиширан деновиве. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваат во работата на телото за помирување.

 

Далиборка Дамјанска Цветановска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ