
УПОЗ: Штрајк на судските службеници ќе ги закочи реформите во судството
Да им се вратат парите од скратените плати од штрајкот во 2016-та, да се донесат измените во законот за судска служба, и покачување на платата во 2019-та се трите барања на службениците во судот преку нивниот синдикат во спротивно штрајк и закочување на реформите ов судстовто.
Револтот дојде откако во петокот претседателот на судскиот совет, Зоран Караџовски извести дека судиите ќе го добијат надоместокот од 35 проценти за месец ноември, а за нив одново нема ниту денар. Ресорната министерка Рената Десковска им ги ветила измените во законот со кој и тие ќе добиваат надометок. Останува пречка како судскиот совет ќе им ги врати парите од скратените плати за време штрајкот во 2016-та. Во објаснување за новинарите во неговиот кабинет, претседателот на судскиот совет Караџовски тврди дека пари кои им се земени од плата за штрајк не може да им ги врати.
- Задршката е согласно закон, а така ќе се реализира и во иднина, бидејќи е законска одредба, а не наша сопствена волја. Во судскиот буџетски совет ги имаме тие пари коишто не се огромна сума, но немаме начин да им ги вратиме на добра волја како што тие бараат, вели претседателот на Судскиот совет, Караџоски.
И, Караџовски посакува 35 % проценти за службите кои ги опслужуваат судиите, а владата направила грешка кога тој надоместок го озаконила за судиите, обвинителствата и нивните службеници. Не исплаќајки го со месеци и години тој надометок, советот до сега се соочил со една тужба од пензиониран судија во тетовскиот суд кој си ги бара надоместоците кои му следуваат со закон.
Павле Беловски