
Секој втор граѓанин смета дека Владата и Собранието носат закони без проценка на трошоците
Најголем дел од граѓаните сметат дека Владата и Собранието во процесот на донесување на законите ја исклучуваат пошироката јавност, дека носат закони без истражувања и без проценка на трошоците. Граѓаните сакаат да учествуваат во процесот на донесување на закони, но не ги знаат алатките и механизмите како да го сторат тоа. Ова го покажува анкетата што ја спроведоа Институтот за демократија и Центарот за економски анализи за проценката на влијанието на регулативата во Македонија.
Штетата од носењето на закони без соодветни анализи и консултации е огромна.
Најголем проблем е немањето политчка воља да се вклучи пошироката јавност.
Анализата покажала дека повеќе од половината од анкетираните не се согласуваат со праксата на усвојување на закони во скратена постапка и дека граѓаните и граѓанските организации треба секогаш да имаат можност да коментираат на одредено законско решение.
Александар Манасиев