Студентска картичка за оброк, превоз и култура

Вкупниот износ на средствата кои ќе бидат наменети за субвенциите на студентите се уште не е утврден и ќе биде предмет  на понатамошни анализи. Најверојатно, овој износ ќе биде на дневна основа, и тој треба да ги покрие основите потреби. Со студенстката картичка ќе може да се обезбеди еден оброк, меѓуградски превоз   и билет за културно уметнички установи , книги и други услуги.

Покрај државните студенти, ваква чартичка ќе можат да добијат и приватните. Меѓуградскиот превоз ќе можаат да го користат кај овластени превозници. Истиот принцип ќе се користи и за рестораните во кои ќе можат да се хранат. Владата ќе објави јавен повик на кој ќе можат да се јават сите угостителски објекти.

Според младинските организии, проектот е добар, но треба да се внимава зиносот на предбидената вкупна сума да не биде симболичен

Очекувањата се дека проектот ќе почне да се применува од крајот на ова или почетокот на следната година. Остануваат бесплатните месечни билети за градски превоз. Овој проект се спроведува во Словенија веќе 10 години и таму заинетресираноста на рестораните и превозниците била огромна.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ