Хазби Лика најверојатно заминува од Владата

По информацијата на Tелма дека Хазби Лика и Крешник Бектеши заминуваат од влада, што ја објавивме во вестите во 15.30, од Демократската унија за интеграција демантираа дека Бектеши ќе замине од владата. Но, истиот извор не ја отфрли можноста за разрешување на Лика. Високи извори од владејачката коалиција за Телма тврдат дека на местото на Хазби Лика,  можно е да дојде Атила Реџепи, поранешен директор на Тетовската болница. Инаку, премиерот Зоран Заев, неколку пати до сега, најавуваше реконструкција на владата, но тоа не се случи. Вчера, Заев остави на партиите да повлечат свои луѓе од владата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ