Итна средба на координативното тело за помирување

По најавата на осуммината пратеници дека ќе гласаат воздржано за амандманите, за 14 ч е најавена итна средба на координативното тело за помирување. Вчера се одржа и вториот состанок на телото за помирување, на кој присуствуваше и премиерот Заев. Формирани се три подгрупи кои најдоцна до вторник треба д аизлезат со свои предлози и решенија.

Постигната е согласност за процесот на помирување. Правните експерти ќе треба да ги утврдат насоките во кои ќе се подготви законот. Амнестија за дирекно инволвираните во настаните од 27 април нема да има. Мора да се направи јасна дистинкција што е насилство, а што не, беше заклучокот од вчерашниот состанок.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ