
Прислушувани и обвинителите открива Јовевски
Додека собирале докази за осомничени криминалци наложуваат прислушување, обвинителите 2 години биле тајно снимани. Државниот обвинител Љубомир Јовески на брифинг со новинарите објави дека откриле дека во склоп на телефонската централа имало два хард диска на кои биле снимени телефонски разговори направени преку фиксните телфони во обвинителството од 30 септември 2016 па до сега.
Клучно прашање кое треба да го одговори истрагата е кој ја монтирал опремата за снимање во телефонската централа и дали овие разговри биле злоупотребувани. Дали некој бил во тек со обвинителските истраги и ги дознавал информациите од внатре кои некогаш значат слобода или затвор? Новинариите се интересираа кој имал пристап во централата, дали има камери во таа просторија но и како обвинителството сега дознава.
„Отворена е предистражна постапка во рамки на Основното јавно обвинителство Скопје за да се утврди кој снимал, дали се изнесувани и злоупотребени снимените разговори. Ќе се утврдуваат сите аспекти од настанот, вклучувајќи проверка на тендерската документација за набавка на опремата, овластувањата за нејзино користење, како и дали, во колкав обем и за кои цели е вршена употреба на снимените податоци“, вели Јовевски.
Во новата зграда покрај Вардар обвинителството се всели во 2013 па цел на предистражаната постапка ќе биде и тоа дали се снимало и пред 30 септември 2016, дали тоа било избршиано или харддисковите сами ги бришеле старите информации откако ќе се наполнеле, објасни републичкиот обвинител.
Од 2013 кога до август 2017 во шефовската фотеља на обвинителствот седеше Марко Зврлевски. Во негово време обвинителите се вселија во новиот објект и беше опремуван. Во телефонски разговор за Телма тој вели дека не знаел дека се снима.
„Не ми е познато ниту дали се снимало ниту дали телефонската централа имала таква можност. Не ми е позната спецификацијата на централата, јас лично не сум ја набавувал. Толку можам да кажам“, рече Зврлески.
Во Кривичниот законик членот 151 го регулира неовластеното прислиушување и тонско снимање. Во првите два става стои „Тој што со употреба на посебни уреди неовластено прислушкува или тонски снима разговор или изјава што не му е наменета, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Иста казна му се заканува и на тој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана.
Елена Ивановска Мукоска