Сите нови ХИВ инфицирани во 2018-та година се од машки пол

Во 2018 година досега се регистрирани нови 41 случај на ХИВ инфецирани, од кои сите се од машки пол. Возраста на новите случаи  се движи од 21 дио 51 година. Од нив 3 случаи веќе починале. Во Македонија од 1987 година досега се регистрирани 400 случаи на ХИВ, од нив 339 се од машки пол, а 54 се жени. Докторите од клиниката за инфективни болести предупредуваат дека иако во изминатите 17 години бројот на починати од ХИВ инфекција се намалува, сепак има тенденција на пораст на бројот на инфицирани. Министерството за здравство за прв пат годинава финансиски ја покрива Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција која досега беше финансирана од глобалниот фонд.

Мгс: Венко Филипче, Министер за здравство

Директорката на клиниката за инфективни  болести д-р. Милена Стевановиќ вели дека во 2018 3350 лица напрвиле бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ, а во моментов на клиниката, на третман се 217 пациенти. Таа истакна дека превенцијата и навременето тестирање се битни мерки во борбата против ХИВ инфекциите.

МГС: Милена Стевановиќ, Клиника за инфективни болести

Македонија утре го одбележува Светскиот ден за борба против ХИВ/ СИДА, први декември.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ