УЈП: Редовно се врши повратот на ДДВ кај фирмите

Во ноември е забележана двоцифрена стапка на раст на наплатата на даночните приходи, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, на вчерашното одбележување на Свети Матеј-Денот на даночниците. Во првата половина од годинава УЈП редовно вршела поврат на ДДВ кај даночните обврзници, тој изнесува 40 проценти.

Еден од приоритетите на даночните власти во наредниот период ќе биде борба со сивата економија. Идната година стартува реформата со доставување предпополнета годишна даночна пријава до граѓаните, за што тие до крајот на годинава ќе треба да се регистрираат во електронскиот систем на УЈП за персонален данок. Со измени во Законот за данок на добивка, од наредната година на даночните обврзници кои ќе донираат во спортот, ќе им се доделуваат ваучери, преку кои тие ќе можат да користат даночни поттикнувања кај овој данок. Предизвици кои УЈП ја очекуваат во наредниот период се целосна електронска комуникација меѓу Упрвата и обврзниците, како и најавениот проект Поврат на 15 проценти ДДВ кај граѓаните.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ