
Европскиот парламент гласаше за екстрадиција на Груевски од Унгарија
Иако две недели е во Унгарија, а повеќе од две и пол години не е премиер на државата, Никола Груевски се најде и во репликите на евро пратениците кои го разгледуваа напредокот на Македонија. Зелените и социјалдемократите бараа и добија подршка за своите амандмани со кои се бара Унгарија да го екстрадира новиот азилант во Будимпешта. Социјалдемократите од евро апралемнто пак предложија амандма со кој во резолуцијата е воведено тврдењето дека Никола Груевски добил транспарентен судски процес потврден на повеќе инстанци. Левичарите во Брисел, ја критикуваа Будимпешта и Орбан.
Од Скопје се бара пред влез во блокот да исполни сериозни услови, кои пак не ги почитува една земја членка на Унијата, за што сведочи улогата на Унгарија во случајот Груевски, вели хрватскиот европратеник Тонино Пицула.
Од друга страна, пратеници од партијата на Орбан, Фидес, ја бранеа одлуката за азил на Груевски како законски спроведена процедура и ги отфрлија амандманите.
Случајот со Груевски го користат социјалистите и зелените за атак врз Унгарија, за идеолошки напади врз Унгарија. Азилот е даден во законска процедура, а потребни се дополнителни напори за поголема заштита на судството во Македонија од политичко влијание, вели унгарскиот европратеник Ласло Токеш.
Амандманите кои го осудија учеството на Унгарија во бегството на Груевски сега се вградени во извештаите на Унијата, откако поранешниот премиер наместо во Шутка пред дваесет дена со три дипломатски возила успеа да стигне до Унгарија каде доби азил.
Миомир Серафиновиќ