Час по историја во Собранието

Се подготвува менување на 30 учебници по историја, разбрала пратеничката Благица Ласовска. Побара премиерот Заев да објасни дали е тоа конечен став, кои се тие учебници, дали историјата е вклучена во нив, какви содржини ќе бидат опфатени и дали е ваква препораката на Комисијата за ревизија по разговорите со бугарската страна.

Заев одговори дека заедничката македонско-бугарска комисија се уште работи. Своите наоѓања ќе ги реферира на седницата на двете влади што ќе се одржи во декември во Бугарија. Намерата е градење пријателство.

Денеска и утре во Софија мешовитата Комисија го одржува својот трет состанок. Ги соочуваат забелешките што ги имаат двете страни: бугарската за нашите учебници за шесто и седмо одделение и македонската страна за учебниците за петти и шести клас во нивната програма, како што потврди во интервју за МИА шефот на македонскиот тим Драги Георгиев. Евентуалните заеднички решенија ќе бидат доставени до двете влади за да бидат процесуирани во наставните програми.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ