
Христијан Мицкоски: „Гандиевски“ протести за смена на власта
„Гандиевски“ протести, оставка на владата, и избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на првиот протестен марш со кој ја отпочна опозициската револуција ја соопшти тројната формула за смена на актулената власт. Остана воздржан дали ќе бара предвремени, а првата победа на опозицијата ја очекува на претседателските.
Поддржан од најблиското раководство излезе од седиштето на партијата, а со звуците на партиската химна и колоната поддржувачи се упати кон Владата. Мицкоски, се осврна и на актулениот буџет, зборуваше за не исполнетите ветувања на премиерот Зоран Заев,за растот на економијата, а вети 30 проценти почист воздух кога тој ќе формира влада.
Одговорност побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој наместо да решава убиства, апсел опозициски пратеници, па затоа и денешниот протест се одржува на една година од нивнотот притворање за насилствата на 27- ми април. Од бината Мицкоски не спомена ниту помирување, ниту помилување, а граѓаните, кои маршираа со него се сомневаат дека ќе се случи такво нешто.
Планот на првиот опозиционер е да ги посети сите општински комитети, да го мобилизра членството, и секоја среда да протестираат пред Владата.
Павле Беловски