
Анкета: 44 % од граѓаните сметаат дека Владата знаела за азилот на Груевски
Власта има најголема одговорност за бегството на екс премиерот Никола Груевски. Во најновата анкета на Телма и МЦМС 44,4 проценти од граѓаните сметаат дека Владата била запознаена со политичкиот азил на Груевски, додека 25 проценти веруваат дека тој успеал да избега без нивно знаење, додека речиси 14 проценти не сакала да одговорат на ова прашање. Во Анкетата се испитува и реакцијата на јавноста на притоврите на Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски и Кирил Божионовски. Целосните резултати од Анкетата спроведена од 21 до 27 ноември на репрезентативен примерок од 800 испитаници ќе биде презентирана и ќе ја анализираме во вечерашната Топ Тема на Ваша Страна во 19 и 15.