Почина драматургот Горан Стефановски

Ненадејно вечерва во Велика Британија поочина познатиот македонски драматург Горан Стефановски.

Тој беше автор на „Диво месо“, „Лет во место”,  „Дупло дно”, „Тетовирани души”, а добитник е на престижниете награди: „Стале Попов“
„11 Октомври“,  двапати на „Стериина награда” и шестпати добитник на наградата
„Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

Меѓу другото ќе остане и запаметен по репликите од “Дупло дно: „Јас сум народот! Од денеска ќе се застапувам сам.“, но и по онаа од „Тетовирани души”: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“

Горан Стефановски имаше 66 години.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ