
Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на Груевски
Собранието со 62 гласа „За“, едногласно одлучи да му се одземе пратеничкиот имунитет на Никола Груевски.
Доколку Никола Груевски биде екстрадиран во Македонија, или на некој друг начин стане достапен за органите на прогонот, ќе треба да оди во притвор.
На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.