Јанакиевски и Божиновски ветуваат дека нема да бегаат, СЈО бара да останат во притвор

Незаконски притвор врз основа на фингирана службена белешка. Ова беа дел од аргументите на ексминистерот Миле Јанакиевски против решението кое го смести во Шутка. И Јанакиевски и екс генералниот секретар на владата Кирил Божиновски  негираа дека преку посредник барале аболиција од претседатлеот Иванов. Пред да му биде определен притворот Јанакиевски лично бил кај претседателот Иванов но како што рече не дикутирале за амнестија туку за иницијатива за актиелната политичка состојба. И двајцата обвинети во Титнаик рекоа дека немаат сметки во странство, дека бегството на Груевски им нанело штета но и дека е спротивно на праксата на европскиот суд за човекови права тие да бидат во притвор затоа што друг избегал.

  • Јас и Никола Груевски не сме иста личност и не треба да бидам казнет и жртвуван заради неговите постапки. Ниту сум планирал, ниту ќе се дадам во бегство, рече Миле Јанакиевски, обивнет во Титаник.
  • 17 месеци ги почитував мерките на претпазливост. Најостро го осудив бегството на Груевски. Секој носи сам одлуки и сноси последици. Не може да се прават аналогии, рече Кирил Божиновскли, обвинет во Титаник.

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова децидна дека Јанакиевски и Божиновски подготвувале бегство а веќе избеганите би можеле да им дадат логистичка поддршка. Службената белешка ја изготвила УБК, орган кој е должен да прибира такви информации и да ги известува надлежните рече Стефанова.  Побара апелациа ги потврди одлуките да останат во притвор затоа што само така може да се избегне нивно бегство.

  • Бегството на еден обвинет не дава сомнеж дека сите обивнети ќе избегаат, туку во конкретниот момент се добиени конкретни информациии дека Кирил Божиновски и Миле Јанакеивски планираат бегство, објасни обвинителката Лиле Стефанова.

Правни аргументи против притворот дадоа и 4 цата адвокати на обвинетите. Апелација во наредните денови ќе донесе одлука.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ