Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе му понудат на координативното тело предлог закон за амнестија

Целосна амнестија за индирекните учесници во настаните од 27 април и наоѓање правни можности за евентуална преквалификација на делата на дирекно инволвираните, се дел од предлозите кои независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе му ги предложи на координативното тело за помирување на првиот состанок кој ќе се одржи во среда. Членовите на ова тело се убедени дека е можно да се реализира селективна амнестија. ВМРО-ДПМНЕ и натаму одбива да учествува во неговата работа. Собранието со 59 гласови „против“ и 25 „за“ го отфли нивниот предлог закон со кој се бараше целосна амнестија на сите учесници во настаните од 27 април.

СДСМ се категорични дека нема да дозволат да се амнестираат оние кои се обвинети за командна одговорност.

Членковите на координативното тело за помирување се оптимисти дека ќе се постигне договор а финалната верзија на законот ќе биде донесена до средината на декември.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ