Собранието не го прифати предлог законот за амнестија

Собранието со 59 гласа „против“ и 25 „за“ не го прифати предлог законот за амнестија што го поднесе пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Пратениците од опозицијата бараа овој закон да се донесе по скратена постапка и како што образложи пратеничката Невенка Стаменковска од ВМРО – ДПМНЕ, ако премиерот Зоран Заев и СДСМ сакаат вистинско национално помирување и неселективно спроведување на правдата, треба да го поддржат предогот за амнестија на сите уесници во настаните од 27 април.

-Игор Дурловски,Богдан Илиевски, Борис Дамовски, Владо Јовановски не се терористи. Тоа го знаете и вие и целата македонска јавност. Ако сакате национално помирување и подадена рака,како што беше кажано од собраниската говорница, поддржете го нашиот Предлог закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 Април 2017 година, по скратена постапка, наместо селективното помирување во собраниското тело-  ги повика Стаменковска колегите од парламентарното мнозинство.

Зад овој закон стојат пратениците Драган Данев, Горан Манојлоски, Иван Иванов, Никола Мицевски, Весна Дамчевска Илиевска, Крсто Јовановски, Илија Димовски, Магдалена Манаскова, Слаѓана Митовска, Стојан Миланов, Нада Ципушева, Невенка Стаменковска, Дафина Стојаноска, Лилјана Затуроска, Павлинче Честојнова, Весна Пемова, Благица Ласовска, Жаклина Пешевска, Трајчо Димков, Владимир Ѓорчев, Трајко Вељаноски, Зоран Илиоски, Ане Лашкоска, Лилјана Кузмановска, Никола Попоски, Антонијо Милошоски, Емил Димитриев, Драган Цуклев, Димитар Стевананџија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ