Ресторанот „Мечка“ изгоре во Дебар Маало

Ресторан на улицата „Дане Карпчев“ бр. 1 во скопската населба Дебар Маало ноќеска околу три часот изгоре во пожар. Опожарени се 250 метри квадратни површина.

Пожарникарите интервенирале со 18 пожарникари и осум возила, а интервенцијата траела до 04:55 часот.

Во пожарот, според Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, биле запалени и патнички возила.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ