
Доцевска Божиновска една од осомничените за „Крвавиот четврток“, денеска на распит во обвинителство
Елена Доцевска Божиновска една од осомничените за „Крвавиот четврток“, денеска била донесена на распит во обвинителството за организиран криминал, дознава Телма.
Таа работела во кабинетот на екс спикерот на Собранието, Трајко Велјановски и е во притвор во Шутка.
До сега во истрагата за собраниските насилства од 27-ми април беа сослушани пратениците Жаклина Пешевска, Јохан Трачуловски и Љупчо Димовски како и еден од организаторите на протестите Игор Дурловски.
Се уште термин немаат добиено пратениците што се во притвор Мукоски, Василевски и Арнаудов.