Уништени и оштетени над 100 гранични камења на границата меѓу Грција и Македонија

Непознати лица уништиле и оштетиле 105 гранични камења, што ја одредуваат границата меѓу Грција и Македонија, од грчка страна, во општина Лерин, соопшти грчката полиција.

Инцидентот се случил во периодот од 23 до 24 ноември, покрената е истрага, а биле известени и надлежното грчко обвинителство и надлежните воени власти.

Во периодот од 23 до 24 ноември 2018, непознати сторители уништија – оштетија 105 пирамиди – столбови кои ја означуваат граничната линија меѓу Грција и ПЈРМ, конкретно во делот што е северно од локалната заедница Месокамбос до источно од локалната заедница Ахлада во општина Лерин, соопштуваат од грчката полиција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ