
МЕПСО поставува оптичка мрежа со вкупна должина од 200 километри
МЕПСО вовдува оптичка мрежа на 12 далекуводи во вкупна должина од 200 километри. Активностите започнале во октомври и половина од работата е завршена, а ќе се продолжи по зимскиот период, на почетокот од април. Инвестицијата чини еден милион евра.
Директорот на МЕПСО најави и купување на телекомуникациска опрема со која ќе биде ставена во функција целата оптичка мрежа на оваа компанија.
Овие зафати се дел од стратегијата за дигитслизација и се во во насока на исполнување на стандардите на Европската Унија.
Сузана Мицева