Младинската невработеност двојно поголема од просечната

Младинската невработеност  е речси двојно поголема од просечната невработеност во Македонија. Младите години наназад  се  најмаргинализраната група во општетсвото кога станува збор за вработување, велат од младинските организации во  чиј фокус е оваа проблематика.  За ваквата состојба има повеќе фактори.

  • Има социолошки причини , вредностите во системот, појава на корупција. Истражувањата ни покажуваат дека поголема улога имаат конекциите и контактите на родителот, отколку на самиот млад човек кој бара работа. Во вторите фактори влегува образовниот систем-колку има кадри кои одговараат на потребите на пазарот на трудот.  И последно,  карактеристиките на пазарот на труд, дали има доволно работни места,  дали имаме дефицит во одредени професии и суфицит во останати, вели Дона Костуранова, Младински образовен форум.

Постои голем расчекор меѓу постоечките образовни профили и она што го бараат компаниите

  • За да очекуваме дека ќе имаме кадри кои ќе бидат барани на пазарот на труд, ние треба да почнеме да работиме со младите лица уште од средно образование, односно од многу рана возраст да ги повзреме со компаниите, за да може да се информираат што нудат компаниите,  кои професии се барани, за подоцна образованието да го насочат кон тие работни места,  вели Мартин Милошевски, од  Националниот  младински совет на Македонија.

Преку разни  мерки  државата прави обиди за намалување на младинската невработеност, но  процентот и натаму е висок. Од  почетокот на годината  се спроведува  и европската програма Младинска гаранција, која е во пилот фаза во неколку општини,  но наскоро треба да се имплементира во целата држава.

  • Многу мерки има што треба да се преземат и многу брзо треба да се преземат. Ако Македонија сака да ги задржи младите луѓе тука треба да им обезбеди можност за достоинствен живот во својата земја, вели Костуранова.

Со буџетот за следната година  предвидени се 1,1  милјарда денари за програми  за намалување на невработеноста, подобрување на  функционирањето на пазарот на трудот, креирање   нови работни места, како и вработување на млади лица.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ