
Заев: Со Груевски немам никакви контакти откога сум премиер
И по две недели од бегството на Груевски, ниту еден функционер не презеде одговорност за случајот. И денеска премиерот Зоран Заев не откри ништо, кажа само дека ќе ја чека истрагата. Тој повторно го потенцираше странското учество во бегството на екс-премиерот и дематираше дека контактирале ден пред да избега од државата.