
Не се точни наводите на СЈО дека Мијалков има врска со наводни 11 милиони евра, тврдат адвокатите
Адвокатскиот тим на Сашо Мијалков за изречениот притвор смета дека е политичко, а не правно решение. Во денешната реакција доставена до Телма, одбраната на Мијалков потенцира дека никој од адвокатите не бил повикан да се произнесе за притворот побаран од СЈО.
Аргументите во барањето за притвор се целосно неосонавни, смета одбраната на Мијалков. Одбраната ги отфрла тврдењата на специјалното обвинителство дека Мијалков има било каква врска со наводни 11 милиони евра, кои СЈО ги спомнува и наведува во барањето за притвор.
Поранешниот директор на УБК беше уапсен во средата, неколку часа по објавената информација за одобрениот азил на Никола Груевски.
СЈО побарало притвор затоа што сметало дека постои опасност од бегство на Мијалков. Притворот е определен врз основа на обвинението за случајот за нелегалното прислушување „Тврдина таргет“.