Пругата до Крива Паланка ќе почне да се гради следната есен

Пругата од Бељаковце до Крива Паланка долга 31 км ќе почне да се гради следната година откако ќе се избере фирмата која ќе ги изведува градежните работи. Од МЖ Инфраструктура очекуваат работите на закочениот проект забрзано да почнат да се одвиваат , бидејки веќе се прави евалуација на документацијата на 16-те пријавени фирми по што ќе следи избор на најефтината понуда.

Работата на делницата од Куманово до Бељаковце е закочена 2 години поради проблеми со експропријација а досега се изградени само 8 километри.За третата делница веќе се обезбедени 60 од потребните 400 милиони евра.Изградбата на пругата која е дел од Коридорот 8, е еден од главните инфраструктурни проекти во Буџетот за 2019.Министерот Сугаревски уверува дека ќе се реализираат планираните проектите,но таквиот оптимизам не го дели неговиот претходник Владо Мисајловски. Одамна започнатите проекти за железничкото поврзување со Бугарија се одвиваат со слаба динамика на терен вели Мисајловски а со ваков тренд на работа според него и следната година ќе слушаме празни ветувања и изговори за нереализираните капитални инвестиции

  • Со ваков прогрес на работа ќе бидат потребни уште неколку години само за завршување на првата фаза.Иако требаше многу одамна да биде потпишан договорот за градба, сега слушаме дека тендерската постапка е во фаза на предквалификации. Јас би сугерирал да се фатат за работа и сите проекти што претходно беа започнати да не се кочат со банални изговори туку да се работи интензивно на терен за да видиме барем мал прогрес во економијата, вели Владо Мисајловски, екс министер за транспорт и врски.

Пругата кон Бугарија е повеќе децениски проект во Македонија. Почна да се гради во деведесетите години но не се надзира нејзиниот крај.Таа е дел од коридорот 8 на кој земјава нема железничко поврзување

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ