Филипче: Кривичната истрага за Дијамед нема да влијае врз услугите за бубрежно болните

Откако на поранешните сопственици на фирмата Дијамед им се блокирани сметки во Монако каде биле префрлени парите од продажбата односно вкупно 11 милиони евра, од министерството за здравство тврдат дека таквата кривична постапка нема да влијае врз фукционирањето на центрите за дијализа.

Дијамед пред 4 години го доби тендерот за услуги за дијализа на македонските пациенти, а фирмата беше поврзувана и со Орце Камчев и со Ристо Новачевски, кој е во кумаска врска со Никола Груевски.

Во меѓувреме фирмата е продадена, но остана да ги врши услугите. Парите од продажбата се пренесени во Монако, а според министерот Филипче, таа кривична истрага нема да влијае врз услугите за бубрежно болните.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ