
Нов плакат со Груевски низ Будимпешта
Никола Груевски продолжува да е актуелна тема во Будимпешта. Утринава, нов плакат со негова фотографија во маичка со лисици и натпис „Ја сакам Унгарија“ е поставен на улица во Будимпешта.
На постерот пишува „Зошто го крие Орбан македонскиот бегалец?“. Неделава и на фасадата на унгарскиот парламент осамна постер од Груевски на кој пишуваше „ВИП мигрантот на Орбан“. Овој постер го објави опозицијата која инсистира да се формира анкетна комисија за да се утврди како осуден криминалец без пасош успеал да ја пробие цврстата унгарска граница.