
Жената прегазена во Штип со повреди на р’бетот
Тешки телесни повреди и се нанасени на 68-годишната С.Д која вчера беше прегазена на печаки премин во центарот на Штип. Од Клиничкиот центар за Телма потврдија дека жената е хоспитализирана на одделението за ортопедија, а лекарите констатирале тешка повреда на р’бетниот столб.
Здравствената состојба на жената е стабилна. Таа беше прегазена од 63-годишен таксист, со автомобил марка „фолсцваген голф“, со штипска регистрација.
Очевидците велат дека на овие премини не застануваат возачите, и покрај тоа што е централно градско подрачје.
Во рок од 13 дена, ова е втора несреќа на пешачки премин во Штип. Претходно, 15-годишен средношколец почина откако беше прегазен на пешачки премин.