
Анкета на Телма: Мнозинството граѓани не сакаат амнестија за 27-ми април
Мнозинството од граѓаните не сакаат амнестија за упадот во Собранието од 27-ми април, покажа најновата анкета на Телма и МЦМС, што ја напрви агенцијата М-проспект.
На прашањето, дали сметате дека е потребна амнестија за политичко помирување во земјава, 66,9 насто од анкетираните рекле не е потребна амнестија, туку спроведување на правдата.
Дека амнестијата ќе донесе политичко помирување сметаат 24,8 осум насто од граѓаните.
Останатите одговориле со „не знам“, или одбиле да дадат одговор.
Граѓаните не сакаат ниту избори. Мнозинство од речиси 59 проценти, сметаат дека вонредните избори не се решение за политичките случувања во земјата, додека 33,5 насто сметаат дека се решение.
Анкетирани се 1.014 испитаници, телефонски, во периодот од седми до 15 ноември.
Анкетата го измери и рејтингот на партиите и на политичарите, а целосните резултати и анализа, гледајте во Топ тема на ваша страна.