
Експертите ги анализирале помалите загадувачи на воздухот, а фабриките ги оставиле за крај
Аерозагадувањето ја крена на нозе научната фела. Стручњаците анализирале кои се најголеми загадувачи на воздухот. Но, ги игнорирале повиците на невладините – најголем фокус да се стави на фабриките кои најмногу загадуваат.
Според студиите на Академијата на науките и уметностите, најмногу ПМ10 честички се создаваат со чадот од печките во домовите. Помал удел имаат возилата на улиците.
За влијанието на отровните гасови од фабричките оџаци, допрва ќе направат студија.
Мерните станици кои не се меѓу расипаните и кои го мерат нивото на ПМ10 честички во воздухот, деновиве регистрирале нешто пониско ниво на загадување. На тоа влијаат временските прилики и дождот.
Лекарите предупредуваат дека луѓето се помасовно се жалат на надразнетост на грлото и очите како и болка во градите. Хронична и долгогодишна изложеност на екстремно загаден воздух може да предизвика и смртоносни болести.
Еколозите секојдневно апелираат да се зголеми бројот на инспектори во Град Скопје. Наспроти тоа, од Градот се фалат дека годинава е дуплиран бројот на казни за загадувачите.
Работилницата на темата аерозагадување, која се одржа во градските простории ја иницирал градоначалникот Шилегов. Но, тој не се појави да дискутира за причинителите на загадување и можните решенија на проблемот.
Петар Догов