Кој ќе се најде во тефтерчето амнестирани на Заев?

Еден по еден дојдоа во новата зграда на кривичниот суд, обвинетите кои се бранат од слобода за крвавиот четврток или кои се во куќен притвор. Оние кои се во затвор пак не беа донесени оти рочиштето се одложи. Но и понатаму остана да лебди во воздухот прашањето, кој од нив ќе биде амнестиран кој не откако премиерот Зоран Заев во изјава ги подели на насилни и ненасилни. Запрашани дали се гледаат меѓу амнестираните најголем дел од нив не сакаа да одговорат, се охрабрија само поранешниот шеф на обезбедување на претседателот на собранието, Горан Ѓошевски и организаторот на протестите Богдан Илиевски.

Селективна амнестија за настаните од 27 ми април се наѕира во изјавата на премиерот но не беше прецизен кој точно би можел да биде опфатен со законот кој се уште не е изготвен. Според кажаното на оние кои извршиле насилство и најверојатно оние кои командувале не би можел да им прости, додека на останатите да. За адвокатите на обвинетите во процесот кој се уште се води за Терористичко загрозување на уставниот поредок е неприфатлива ваквата поделба.

До сега за настаните од крвавиот четврток има пресуда за обид за убиство на пратеникот Зијадин села и за насилство врз пратеничката Радмила Шекеринска. Овие случаи министеркта за правда рената дескоска ги кажа како пример за кој усудените нема да се амнестираат, но не знае како ќе се скрои законот за оние кој во моментов се уште се на обвинителна клупа.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ