Унгарија со патен лист му го обезбедила излезот на Груевски од Србија

Со унгарски патен лист, бегалецот Никола Груевски си го осигурал непреченото патување до крајната дестинација – Будимпешта. Ова синоќа го обелодени претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој соопшти дека Груевски со лична карта влегол во Србија на граничниот премин Гостун, а излегол од Србија на преминот Хоргош, со лична карта и пасаван издаден од Унгарската амбасада во Тирана.

Ова отвора неколку прашања пред се за тоа дали е можно една држава да му издаде привремен патен лист нa лице кое не е нејзин државјанин. Амбасадорот Љупчо Арсовски, споредено со мекедонското конзуларно, право објаснува дека постои солуција да се издаде таков документ за странец.

„Унгарското конзуларно право не го знам до детали, во македонското право постои солуција да се издаде патен документ за странец, меѓутоа тој странец треба да ја загуби патната исправа за странец што ја издало Макеоднија. Тој ја изгубвил. Сите граѓани што немаат патни исправи, тие се во друга категорија“, вели Љупчо Аросовски, амбасадор.

Според него не е спорно движењето на Груевски од Албанија, во Црна Гора и Србија со личната карта, но за тоа како Груевски без валиден пасош ја поминал српската граница кон Унгарија, Арсовски смета дека тоа му го овозможил патниот лист издаден од унгарската страна.

„Овде се наоѓаме во една компликувана ситуација каде е испреплетена политиката. И тука очигледно дека сакала земјата да му помогне. Они отидоа и до длабоко мешање и во внатрешните работи со оценката за затворите кај нас, со оценката дека немал правично судење и т.н. Сакам да кажам дека ова не е обична конзуларна материја, обичен конзуларен случај, туку длабоко испреплетен со политика“, е ставот на Љупчо Аросовски, амбасадор.

Како следно по вчерашната протестна нота упатена до Унгарија за бегството на Груевски во Будимпешта Аросовски смета дека по дипломатски пат многу малку може да се направи доколку другата страна не даде позитивен и разумен одговор за да се реши ситуацијата.

За евентуална слична дипломатска реакција од Македонија и кон соседните држави низ чија територија помина Груевски, Арсовски смета дека за тоа нема основа, бидејќи со нив земјава има договор за патување со лични карти.

„Писмено се чини дека нотата до Унгарците ја завршува целата работа, бидејќи случајот веќе завршил. Ние не можеме да бараме истрага во соседна земја, на кој начин и сето тоа завршило“, вели Љупчо Аросовски, амбасадор.

Она што Македонија по дипломатски пат може да го побара од соседните земји е барање на информации преку разговори на нашите дипломати во соодветните институции таму.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ