
Груевски му телефонирал на својот адвокат од Унгарија
Еден од адвокатите на Никола Груевски, вечерва за Топ тема на ваша страна, Еленко Миланов, изјави дека Груевски го исконтактирал и му кажал на кој телефонски број може да го контактирам.
Тој тоа го пријавил во судот, и вели дека нема ништо тајно и дека МВР знае за се што постои во неговиот телефон, и дека е убеден дека МВР знае за бројот на Никола Груевски.
Во доцните вечерни часови на 13 ноември, истиот ден кога Груевски се огласи на својот фејсбук профил дека е во Будимпешта и дека ќе бара политички азил, контактирал телефонски со Миланов, а потоа следела и комуникација преку СМС пораки, околу правни прашања.
„Се јави на 13 ноември во доцните вечерни часови. Судечкиот совет е информиран, не само од мене туку од сите во тимот кои сме исконтактирани. Неговиот повик беше по неговата објава. Потоа имавме уште една комуникација по пораки за овдешнотот судење, за можноста да му биде определан мерка притвор пред да му биде одземен имунитетот. Ме нема контактирано во врска со барањето за азил, бидејќи немаме ние никаква врска со тоа. Преку порака ме праша за овдешното судење околу можноста да му биде определан мерка притвор од Судечки совет, во момент кога неговиот имунитет се уште не е одземен. Јас му вратив со порака дека е направена повреда и во делот на определување на притвор пред да му биде одземен имунитетот, а исто така и во делот на Судечкиот совет да го направи тоа, затоа што согласно законот тоа може да го направи само Кривичниот совет по правосилен обвинителен акт. Мислам дека МВР го има бројот на Груевски. Сигурно го имаат и тоа не од мојот телефон туку од еден друг куп информации кои можат да ги обезбедат“, кажа Миланов.