
Дукоски: Единствена праведна амнестија би била, амнестија за сите
„Во Македонија не постои можност за командна одговорност т.е. одговорност на постоечките структури по хиерахија. Дополнително кој е тој што ќе направи селекција дали директорот на БЈБ има одговорност, а да утврди дека министерот нема одговорност. Најмалку е невин по таа командна одговорност Митко Чавков“.
„Не може еден настан и дело да биде третиран со пет различни кривични дела и некој како на лото, да поминува подобро или полошо“.
„Не можам да прифатам да има селективна амнестија. Кој е тој ум кој ќе направи селекција, кој е за амнестија, кој не е. Единствена праведна амнестија би била, амнестија за сите. Се друго би било извитоперување на правото и правна гимнастика“.