
„Бојкотирам за уставни промени“ побараа отфрлање на договорот за името и оставка од владата
Движењето Бојкотирам за уставни промени, на протест пред Собранието, вечерва побара прекин на процесот за менување на уставот, отфрлање на договорот за името и оставка од владата за да се одржат предвремени парламентарни избори.
Помал инцидент се случи на почетокот на протестот, кога редарите и обезбедувањето, го спречија поранешниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски да се качи на бината и да им се обрати на присутните.
Организаторите велат дека Петровски не бил воопшто дел од програмата на собирот и дека тој и други поединци може да организираат сопствен протест.
Од движењето Бојкотирам за уставни промени, се пожалија дека полицијата запрела 70 возила, во кои бесплатно се превезуваа демонстранти кон Скопје, за да не стигнат на протестот.
Портпаролот на МВР, Тони Јакимовски за Телма демантира дека полицијата спречувала возила со демонстранти.
Говорниците бараа да се сочува македонскиот идентитет и да не спроведуваат, како што велат, штетните договори со соседите. Се противат и на додавање на рамковниот договор во преамбулата на уставот, а правата на етничките заедници да се гарантираат.
Оние кои дојдоа на протест ги поддржуваат овие ставови.