Врнежи од дожд и снег ќе продолжат и во текот ноќта

Снегот кој паѓа на повеќе места, ги затвори патиштата низ Македонија. Од 18 часот  целосно е во прекин сообраќајот на патот Берово-Виница. Поради обилни врнежи од снег, за камиони е затворен патот од Крива Паланка до граничниот премин  Деве баир. Иста забрана има и на планинските премини Стража и Плетвар и на патот Дреново – Прилеп.

По целосната блокада на сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка,  од 17 часот, на овој пат се вози наизменично.

Од Автомото сојузот на Македонија велат дека се вози по влажни коловози.

На планинските превои Стража, Ѓавато, Буково и Пресека, има остатоци од кашест снег на коловозот.

Инаку, најмногу снег има на Попова Шапка и Маврово – 18 сантиметри, потоа во Претор, Тополчани и во Битола каде има 11 сантиметри снег.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ