
Туркање на протестот на „Бојкотирам“, Филип Петровски спречен да се качи на бината
На Филип Петровски не му беше дозволено да се качи на бината поставена пред Собранието во центарот на Скопје, каде движењето „Бојкотирам уставни измени“ одржува протест против промена на Уставот како дел од договорот за името со Грција.
Како што јавува репортерот на Телма на протестот, Петровски се обидел да се качи на бината додека од таму зборувала Солза Грчева но бил спречен од редарите и обезбедувањето, по што Петровски се повлече.
Движење „Бојкотирам“ организиран превоз од повеќе градови од државата за протестот но се појавија информации дека дел од нив биле попречувани да стигнат до Скопје.