Владата не кажува колку нови вработувања ќе има в година

Нема информации од Владата колку нови вработени ќе бидат примени во јавната администрација со договори на определено време, иако буџетските пари за привремени вработувања се зголемени двојно во однос на годинава, од еден на два милиони евра. Министерот за финансии Тевдовски вели дека бројката ќе зависи од тоа колку луѓе институциите ќе побараат. Тој се согласува со својот колега, вицепремиерот Анѓушев, дека нови кадри ќе требаат за да се засили капацитетот и ефикасноста на администрацијата, таа да се реформира и да го истурка ЕУ и НАТО интегрирањето. Само ако новите примени на определено се покажат како добри, ќе останат на работа. Со условно повисоките плати во септември в година, пак, требало да се поттикне за поквалитетно да работи.

Идејата е да се привлечат квалитетни луѓе, и ако се квалитетни да останат, бидејќи администрацијата ја очекува сериозен предизвик, пред се во поглед на интегрирањето во ЕУ. Еве ние во Министерството за финансии работиме на усогласување на некои закони со ЕУ директивата и ни требаат квалитетни и спосопбни луѓе, вели министерот за финансии Драган Тевдовски.

Дали Владата се подготвува да прими свои кадри,а да им се заблагодари на старите административци, за кои вели, се наследство од претходната власт и ги кочат реформите, експертите се на став дека и да сака, тоа не може да го направи, бидејќи нив ги штитат постоечките закони. Тоа може да се постигне само ако тие се променат.

Болни се реформите во администрацијата, не сум слушнал некаде да се прави реформа со неотпуштање. Тие што не заслужуваат и немаат резултатати, што може да се утврди со тестирање, треба да ја напуштат, а вака не се прави реформа, вели Давитковски.

Условените зголемувања на плати, вели, се неправедни кон аоние вработени кои добро си ја вршат вработата. Многу нема да помогнат ни најавените нови привремени вработувања.

Гледам во буџетот за идната година ќе има многу повеќе хонорарци, вработени со договори на дело и слично, тоа е спротивно на законите, цело време асе инсистира на стабилни вработувања, мерит систем и слично. Вицепремиерот Анѓушев ако вели да се понудат на приватниот сектор, дали би зел во негова фирма, вели Давитковски.

Во новиот уџет за 2019 значајно се зголемени и парите за Владата, од 37 на 64 милиони евра или речиси двојно. Министерот вели голем дел од парите ќе одат за владината програма за битка против аерозагадувањето.

За зголемениот раст на стоките и услугите за 33 милиони евра, тој со дообјаснување на вицепремиерот, кој рече дека најмногу ќе се троши за услуги за странски правници кои ќе ја бранат земјава во судски постапки.

Најмногу пари за Фондот за здравство, за вакцини, здравствени програни, за ретки болести, во МО и МВР за нова опрема, вели Тевдовски.

За зголемените трошоци за возила министерот вели дека не се за комфор на министрите, туку за возила за брза помош, за инспекторатите и за судовите, а за мебелот вели дека тоа не е за кабинети, туку за училиштата и студентските домови.

Во Финансии денеска го претставија граѓанскиот буџет изработен од млади луѓе, со што тој станува уште подостапен до граѓаните, тие со еден клик ќе добиваат информации за приходите и расходите во буџетот.

Нина Нинеска-Фиданоска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ