Масовно труење на кучиња скитници во Тетово

Масовно труење на кучиња скитници во Тетово изминатава недела ја згрози јавноста. Опасниот отров се остава на јавни површини низ целиот град дури и во близина на основни училишта. Од Јавното комунално претпријатие Тетово, велат дека имало вакви изолирани случаеви и порано, но деновиве нивни екипи, мртви кучиња подигаат од сите делови на градот.

Ветеринарите велат дека ваквиот нехуман потег е опасен за домашните миленици, но и за луѓето.

Од групата Бездомни животни Тетово, велат дека се згрозени од масовното труење. За дел од сега усмртените кучиња чија бројка достигнува и до триесетина воделе грижа, но неделава ги пронашле мртви на јавните површини. Се сомневаат дека труењето е однапред организирано, затоа што отров има фрлено низ целиот град.

Бидејки оставањето отров на јавни површини е кривично дело и предизвикува опасност по живот апелираме да реагира полицијата, Јавното обвинителство Агенцијата за храна и ветеринарство. Ова е страшен,нехуман и опасен начин во денешно време да се убиваат животни. Има индиции дека кучињата во Тетово се носат од други градови и ги замолуваме надлежните институции да реагираат. Бараме општината да го реши проблемот со изградба на стационари,а не да се градат стационари само на хартија, велат од групата на бездомни животни Тетово.

И тетовци со остра осуда за масовното труење. Бараат проблемот со кучињата скитници да се реши на хуман и цивилизиран начин.

Засега општината не презема на терен никакви конкретни активноти за решвањето на проблемот со кучињата скитници.

На седница на совет минатиот месец беше усвоена одлука на месечно ниво да се заловуваат дваесетина кучиња и истите да бидат згрижени во стационар на веќе постоечки на објект на комунална хигиена. Но наместо да се згрижат, некои одлучиле кучињата да бидат усмртени на најболен начин.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ