Нови теории на унгарските медиуми за бегството на Груевски

Постои ли белоруска врска во бегството на Груевски, повеќе унгарски медиуми пренесуваат изјава на добро информиран дипломат кој тврди дека според дипломатските таблички на бројот 55, со една таква кола бил носен поранешниот македонски премиер, е вусшност автомобил на белоруски дипломатски претставништва. Дипломатот го наведува тоа затоа што бројката 55 на дипломатските таблички е број резервиран за белоруски дипломатски возила. Ова е само една од многубројните приказни кои се плетат во Будимпешта откако надлежните ги затворија сите извори на информации поврзани со македонскиот барател на азил, кој во Македонија е осуден на две години затвор.

Новинарите проверувајќи го авијацискиот сајт „Флајт фајндер“ откриле дека омилениот авион на Орбан деновите кога се случува драмата со Груевски, имал цел ден престој во Србија, на белградскиот аеродром. ОЕ-ЛЕМ е ознаката на авионот, сопственост на познат унгарски олигарх и милионер, но тој авион всушност беше летало кое често во приватни цели за посети на фудбалски натпревари, како и на мундијаот во Русија, го користел унгарскиот премиер Орбан.

Сега истиот авион се поврзува со Груевски во уште една верзија за бегството. Авионот две недели стоел на аеродромот во Виена. Потоа во средата на 14-ти ноември, тој полетал од Виена за Будимпешта рано наутро. А веднаш потоа продолжил за Белград каде слетал во 8 и пол наутро и останал до 16 часот попладне. Летот се случува ден откако Груевски објави дека е во Будимпешта, па унгарските новинари се распрашуваат и истражуваат дали во тие моменти кога екс премиерот се јави на Фејсбук бил во Белград и со летот ОЕ-ЛЕМ се префрлил на аеродромот Ферихеги во Будимпешта.

Вакви теории на бегството на осудениот македонски политичар има се повеќе, како што владата на Орбан станува се потивка во објаснувањата. Груевски дури го споредуваа и со Михаил Сакшвили, поранешен грузиски претседател избеган од Тбилиси по обвинувања за корупција, кој потоа избега и од Украина каде доби и политичка функција. Лани летото Сакашвили бил во куќа покрај езерото Балатон, но неговите барања за унгарско засолниште беа одбиени од владата на Орбан. За унгарските медиуми пак тоа значи дека и за политичките посткомунистички лидери, Орбан нема еднаков пристап и дека Груевски е целосно привилегиран.

За Телма, Од Будимпешта, Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ