Кабинетот на Орбан: Ниту унгарската држава, ниту унгарските власти му помогнале на Никола Груевски да излезе од Македонија

Од кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан реагираат дека ниту унгарската држава, ниту унгарските власти му помогнале на Никола Груевски.

Спротивно на претпоставките и на лажните вести кои беа објавени во медиумите, ниту унгарската држава, ниту унгарските власти му помогнале а Никола Груевски да ја напушти Македонија.

Никола Груевски ја посочи својата намера да поднесе барање за азил во едно од унгарските претставништва во странство. Од безбедносни причини, унгарските власти овозможија поднесување на барањето и интервјуто на Никола Груевски, кој беше македонски премиер десет години, да се случи во седиштето за Канцеларијата за азил и имиграција во Будимпешта. Канцеларијата за азил и имиграција постапува по барањето за азил согласно унгарскиот закон и во хармонија со меѓународните закони.

Исто така, во согласност со унгарските правни процедури и меѓународната практика додека процедурата не се заврши унгарските власти немаат право да обезбедат дополнителни информации во однос на процедурата за азил. Нагласуваме дека Никола Груевски е во Унгарија легално во согласност со законските одредби кои се однесуваат на процедурата за азил, стои во соопштението од Кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ