СМС и Вибер пораки во судницата пред и по 27-ми април

Јавното обвнителство го опиша како водач на насилна толпа, човекот кој носел пиштол на 27 ми април, и човекот кој во судницата му се закани на сведокот Зоран Заев.  Кумановецот Игор Југ на свој пријател во текстуални пораки му се пожалил дека истите луѓе заради кои отишол во собранието сега му судат.

„ Тие што ме пратија во Собрание, тие и ме осудија. Тие што им вршев нивни работи цел живот ме гонат. Ние по домови, по затвори и бегства, а к******* во фотелја.“

Обвинителството кажа дека дента на 27 април обвинетиот Игор Југ, според записите во неговиот телефон, почнувајќи од 14.30 часот, неколку пати имал телефонски разговори со обвинетите Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо и Јане Ченто. Василевски- Нинџа се спомнува една седмица пред упадот во собранието  во комуникацијата на обвинетиот Стефан Младеновски. Од мобилниот телефон на обвинетиот Горанче Ангелов  беше читана комуникацијата преку социјланите мрежи со новинарот Бобан Нонковиќ 3 месеци по случувањата.

ФБ комункиација Горанче Ангеловски обвинет со Бобан Нонковиќ

„Ок брат. Додека не дадат амнестија за 27 мој став не мењам, после може да трчам за ВМРО„

Рочиштето отпочна со текстуалните пораки на мобилниот телфон коишто ги добивал сведокот Сашо Коцевски вработен за електронската поддршка во собранието.  Два месеци бил редовно информиран за партисктие активности за носење партиски членови на маршевите на „За заедничка МАкедонија“.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ