
Властa неспремнa да се справи со аерозагадувањето
Властите признаа дека неспремни ја дочекале новата есен и аерозагадувањето. Очекувале секој момент да се расипат мерните станици со кои се мери квалитетот на воздухот. Но, не одвоиле пари за да ги поправат.
Опремата е стара и се користела петнаесет години. Сега инструментот за мерење на ПМ10 честички е расипан во дел од станиците. Нови станици ветија дека ќе има, но дури следната година.
Од ДОМ партијата на зелените, бараат повеќе инспектори да патролираат низ град. За нив, добра е идејата на Град Скопје со дрон да ги идентификуваат загадувачите на воздухот во главниот град.
Од друга страна пак, ги обвинуваат локалните комунални инспектори за недоволна контрола на рестораните кои во центарот на Скопје испуштаат штетни гасови од оџаците, без да бидат казнети.
Активистите апелираат, да се обрне внимание на големите загадувачи, фабриките кои испуштаат отровни гасови во атмосферата. Сметаат дека мерката за обележување на автомобилите со налепници, само ќе покаже кој колку загадува, но нема да има ефект.
Вчера Министерството за животна средина објави програма за справување со аерозагадувањето. Со амбициозниот план кој кошта еден ипол милиони евра, Владата вети дека за две години ќе го подобри квалитетот на воздухот и до 50%.
Петар Догов