Ослободителна пресуда за тетовскиот гинеколог Казимир Копривњат

Основниот суд Тетово донесе ослободителна пресуда за тетовскиот гинеколог Казимир Копривњат кој  во 2015 беше обвинет за смртта на 33 годишната родилка Виолета Кировска од Тетово.   Судијата Садула Изаири кој го водеше предметот, образложи дека вештачењата покажуваат дека докторот не го сторил кривичното дело – тешки дела против здравјето на човекот  за кое се товари.

Според обвинителниот акт докторот кога ја породувал Кировска, не ги презел сите неопходни превентивни мерки за заштита од настанување на тешки последици. Гинекологот започнал царски рез, без претходно да обезбеди количини крв, а по настанато крварење не извршил навремена медицинска интервенција.

Адвокатот на оштетената страна најави жалба. Вели дека има основа за тоа, затоа што во сите три вештачења се нотирано неколку пропусти на докторот, кои не се земени во предвид на ослободителната пресуда.

Адвокатот на обвинетиот доктор Копривњак накракто ја поздрави пресудата, која за него била очекувана.

Семејството Кировски со солзи и неверувања ја слушнаа пресудата. Велат дека целиот судски процес бил лакрдија и наместен од повеќе институции во земјава.

Родилката Виолета Кировска на 19 август 2015 година беше породена со царски рез, но поради обилното крварење беше препратена на КАРИЛ во Скопје, каде за неколку дена го загуби животот, а за нецел месец почина и нејзиното новороденче.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ