Илир Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина

Албанскиот претседател Илир Мета, гостувајќи во синоќешната емисија „Опен” на тиранската телевизија Топ чанел, иако воздржано сепак ја кометираше веста за бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија, минувајќи преку Албанија. Мета изјави дека минувањето на Груевски низ Албанија е прашање кое треба да им се постави на соодветните одговорни органи во Албанија, додавајќи дека на еден начин заминувањето на Груевски од Македонија е признавање  вина од негова страна.

–Тоа е прашање со кое одговорните авторитети во земјава треба да се позанимаваат. Не сакам да се мешам во ова прашање, но сметам дека неговото заминување од Македонија е знак на слабост. Избегнувањето на правдата е неприфатливо и на некој начин е признавање на вината, рече Мета.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ