Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески

Од кабинетот на претседателот Иванов реагираа дека немало средба со посредник  на Миле Јанакиевски туку дека претседателот се сретнал лично со Јанакиевски на 13ти ноември во 16 часот, откако претходно ексминистерот  телефонски побарал средба. Од кабинетот на Иванов велат дека на средбата не се дикстурало за амнестија, како што стои во решението за притвор, а е во надлежност на собранането ниту за аболиција.

  • Сметаме дека станува збор за конструкција на лаги врз основа на претпоставки со цел да се инволвира Претседателот на Република Македонија, велат од кабинетот на Иванов, и додаваат дека сето ова претставува груба полициска манипулација и инволвирање на полициски службеници со што се извршени повеке кривични дела

Од таму прашуваат, врз основа на што се следат активностите на претседателот Иванов и неговиот кабинет од страна на УБК? Бараат одговори од министерот за внатрешни работи, од директорот на УБК, од претседателот на Основниот суд Скопје 1 на дописите кои од кабинетот на ги испратиле денеска.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ