
Анѓушев: Задолжувањето се стабилизира
Јавниот долг се стабилизира, уверува вицепремиерот Кочо Анѓушев по предупредувањето на ЕБОР дека задолжувањето дополнително ќе се зголеми како резултат на стимулациите што ги најавува владата и тоа во делот на поттикнување на стопанството ,мерки за вработување и зголемување на платите на администрацијата.
- Јавниот долг бележи стагнација. Ако се спореди со др години влегуваме во помирни води на задолжување.Тоа прави стабилност во фискалната политика на подолг рок.Таквото задолжување е одржливо и нема да ги ремети финансиските текови во македонија, вели вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Економистите се согласни дека политиката на зголемување на платите има за цел да го покрие прогресивниот данок односно средната класа да биде таа што ќе го плати цехот од даночната реформа. Задолжувањето ќе продолжи и на домашен и на меѓународен пазар вели Висар Адеми бидејки оваа власт наместо да понуди нова економска идеја со која ќе влезат свежи пари во стопанството,се фокусира на решавање на политички проблеми.
- Целата некадарна администрација се фокусира на полтиката. ВМРО кога дојде на власт имаше јасен економски модел, а сега освен прогресивен данок не гледаме ништо економски за што може да се дебатира, смета економскиот аналитичар Висар Адеми.
Иако нивото на јавниот долг според ЕБРД не е алармантно, Македонија сега должи за дури 20% повеќе отколку пред 10 години. Бројките на Мин. за финансии покажуваат дека долгот е во постојан раст, годинава тој ќе достигне 50,6% од БДП а догодина 54,2 % од БДП.
Според фискалната стартегија на Министерството за финансии до 2020 год. се очекува умерено зголемување на јавниот долг до 54,8% од БДП а потоа намалување на 53,8% во 2021. Пред 10 години јавниот долг на земјата изнесуваше 25,8% од БДП.
Виолета Зајкова Стојановска