
Барањето за екстрадиција на Груевски се уште се преведува на унгарски
Преводот на унгарски го кочи барањето за екстрадиција на Груевски. Десет преведувачи работат на материјалот, но поради обемноста не се очекува да завршат до утре. Се` уште се работи и на пропратното писмо, што ќе биде испратено во Будимпешта заедно со документите.
Дескоска вели дека постапката за екстрадиција е долга и може да трае и неколку месеци, но се надева дека унгарските власти нема да ги користат максималните рокови. Не сакаше да коментира за одговорноста за бегството, велејќи дека во овој момент топката не треба да се префрла меѓу институциите, туку да се бараат начини како да се оствари правдата во Македонија.
Од Коалицијата за правично судење, пак, укажуваат дека е загрижувачки фактот што четврти пат лице со одземен пасош ја напушта државата.
Мгстон Натали Петровска, извршна директорка на Коалиција за правично судење
И судиите се децидни дека бегства имало и ќе има, но тие треба да се пресретнат.
Ристовска појасни дека имотот на Груевски не може да му биде замрзнат, затоа што не е прогласен за виновен за дејствија во кои се стекнал со противзаконски имот. Од тие причини, во случајот не е побаран нуту надомест на штета.
За судиите не е издржан аргументот на поранешниот премиер, дека бара азил затоа што му се заканувале по живот.
Сите бараат да се спроведе истрага за бегството, да се проверат сите аспекти и да се лоцира вината, без да се прејудицира виновникот.
Далиборка Дамјанска Цветановска